top of page

Новости

Search
  • Writer's pictureAdmin

Бесими:продолжуваме со мерки за поддршка на граѓаните и компаниите

По усвојување на ребалансот на буџетот, граѓните ја чекаат ветената помош од 76 милиони евра. Кој ќе добие, и што е со останатите домаќинства? Од власта категорични – мерките ќе бидат таргетирани. Помош ќе има само за најранливите граѓани и фирми. Во денешната колумна на министерот Бесими неколку пати се споменува терминот прецизно таргетирани мерки, без да се чепне во намалување на даноците за храна и горива. Бесими пишува - доколку домаќинства со ниски приходи користат одредени горива за загревање, преку добро дизајнирани мерки да влијае на цената токму на тие горива. Не се препорачува намалување на даноците за горива и храна. Напротив, наплатата на даноците треба да се насочи кон заштитата на ранливите семејства. Со намалувањето на даноци за сите, значи дека се субвенционираат и оние на кои не им потребна поддршка, за сметка на ранливите категории граѓани.

Парите стануваат се поскапи, така што и задолжувење надвор ќе биде по доста повисока цена. Сепак, министерот открива дека се издвоени резерви средства за нови антикризни мерки. Помош за сите домаќинстава ќе има, но на есен, открива потпрестедателот на СДСМ, Богоев

Владата со сите ресурси со кои располага се подготвува за она што светот го очекува дека тешкиот период доаѓа од септември па натаму, се мобилизираат ресурсите за тој период, а во меѓувреме се подготвуваат и после Ребалансот на Буџетот ќе се стават во функција, мерките за најранливите, изјави Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ.

Не се исклучува можнсоста за откажување од дел од акцизата на горивата, но после септември, ако растот на цените продолжи, како и за евентуални директни субвениции за енергенси, пред стартот на зимската сезона. https://sitel.com.mk/kje-ima-li-antikrizni-merki-shto-tie-kje-opfatat

3 views0 comments

Comentários


bottom of page